Категории

Спречете го дебелеењето: Избегнувајте големи порции на храна!

Рестораните за брза храна не треба да се сметаат за главните виновници за прејадување бидејќи се покажало дека нивните оброци содржат 33% помалку калории отколку класичните ресторани.

Според податоците на Светската здравствена организација, дебелината во последните четири децении е тродупло зголемена. Дел од одоговорноста за оваа состојба носат и рестораните, тврдат научниците од американскиот Универзитет Тафтс.

Нивната студија спроведена во пет земји покажала дека големите порции во обични ресторани и ресторани за брза храна не се проблем само во Америка, туку насекаде во светот.

Научниците анализирале колку калории се наоѓаат во петте најбарани оброци во случајно избрани ресторани во Бразил, Кина, Финска, Гана и Индија и ги споредиле податоците со оние од американските ресторани. Студијата покажала дека 94% од порциите во класичните ресторани и 72% во рестораните за брза храна имаат 600 калории и повеќе. 3% од оброците имале и по 2000 калории и повеќе.

Како што велат научниците, рестораните за брза храна не треба да се сметаат за главни виновници за прејадување бидејќи се покажало дека нивните оброци содржат 33% помалку калории од класичните ресторани. Во просек, оброците во рестораните за брза храна имале по 809 калории, а оние во класичните дури 1.317. Според новите препораки, оброците не треба да содржат повеќе од 600 калории.

Прегледи:
523
Објавено на:
08.01.2019