Доколку антиперспирантите се премногу агресивни за вас, сигурно ќе ви се допаднат природните дезодоранси кои го спречуваат потењето.
Ова се три начини да го спречите потењето.
Лимон
Не е тајна дека дамите од минатото многу често користеле природни препарати, а во нивната нега бил застапен и лимонот. Освен за осветлување на косата, жените го користеле и за чистење на пазувите затоа што има силни антимикробни својства. Секако, не мора да чувате парче лимон под пазувите, туку доволно е само со сокот од лимонот да го поминете овој дел од телото.
Пудра
Иако не може да се каже дека бебешката пудра е сосема природна, но овој препарат дава одлични резултати а бидете сигурни дека нема да создаде никаква иритација. Пудрата ќе ја апсорбира целата влага и ќе ги отстрани непријатните мириси.
Оцет
Слично како и кај лимонот, премачкајте ги пазувите со оцет и ќе забележите дека во истиот момент ќе исчезнат сите непријатни миризби.