Категории

Среќа е Шара да стане национален парк!

Еден од најубавите планински масиви во регионот, со богата и разновидна флора и фауна, за Шар Планина е неспорно јасно дека мора да биде заштитена и да го добие статусот на национален парк. 

Површина од 50 000 хектари, богата со ретки кањони, шуми и пасишта, голем број на неверојатни природни езера, дури 30-тина врвови над 2.000 мнв, ретки животни и дури 150 ендемски видови на растенија.

Во Македонија постојат три национални паркови : Маврово, Галичица и Пелистер. Галичица е последниот национален парк, прогласен во 1958 година. Површината на Националниот Парк Шар Планина би била 50 000 хектари. Регулирањето на Шара како национален парк би го формализирало нејзиниот статус како заедничко добро.

Шар Планина од косовската страна е национален парк од 1986 година, а кога би се прогласил национален парк и во Македонија, би го имале еден од најголемите заштитени региони со природно богатство во Европа.

Лешнца

Веќе е забележано исчезнување на видови животни својствени за ова подрачје, а неконтролираната сеча и изградба оставаат непоправлива трага на овој регион што укажува на важноста што поскоро овој регион да биде заштитен.

Истражувачката сторија „Национален Парк Шар Планина“, што може да го видите погоре, е дел од три такви стории концепирани од Плоштад Слобода, а продуцирани од страна на Кадар продукција, како дел од проектот кој поставува прашања за состојбата со заедничките добра во Македонија.