Среќна вест ни доаѓа од Општина Карпош.
Како што известува Булевар, вчера во доцните часови на плоштад „ПБК“ екипи на општина Карпош му помогнале на мало маче кое било заглавено во фонтаната на плоштадот.
Бидејќи станува збор за ретко хуман чин, кој завршил среќно, сосема го заслужува оваа вест да биде именувана за #СреќаНаДенот. Секоја чест за овој акт на екипите на општина Карпош, кои служат за пример со нивната човечност.