Категории

Среќа е да бидете задоволни од она што сте

Сите сакаме да сме среќни. Многумина мислат дека среќата е во материјалните добра, но се разочаруваат кога ќе сфатат дека не е така. Други пак, ја доживуваат како цел која треба да се постигне. И тоа е тажно, бидејќи среќата ви е достапна сега и веднаш. Не треба да ја чекате до утре или до наредната година. Веќе е тука.

Како да бидеме среќни? Со тоа што ќе сме задоволни со себе и со сопствениот живот. Задоволството од себе и сопствениот живот е клучен фактор за среќа. Факт е дека веќе имате сè за да бидете среќни. Не ви е потребно ништо друго. Честопати ја преувеличуваме улогата на надворешните фактори, кога станува збор за среќата, но, вистината е дека среќата е внатрешно чувство. Доколку сте среќни длабоко во себеси, така ќе зрачите и однадвор, без разлика на околностите.

Кога ќе научите дека не е сè во материјалното, ќе сфатите дека има многу убавина во вашиот секојдневен живот. Ќе ја откриете радоста на пријателствата. Ќе уживате во природата. И верувале или не, така ќе се чувствувате многу посреќни.

Да се биде задоволен од самиот себе не значи стагнирање. Не значи дека треба да останете онаму каде што сте. Сè уште ќе се борите да бидете најдобрата верзија од себе. Секогаш мора да целите кон повисоки нешта и нови достигнувања. Но, запомнете, среќата не ви зависи од нив. Може да бидете среќни – овде и сега.

Со ваков став, ќе се чувствувате многу полесно. Ќе нема да го чувствувате притисокот на површните нешта. Ќе уживате во животот сега, а не подоцна.

Затоа, научете да бидете задоволни од својот живот и откријте ја убавината во сè она што ве опкружува. Почнете уште веднаш.

Прегледи:
799
Објавено на:
25.03.2016