Категории

СРЕЌНИ СОЛЗИ: Идентични близначки се сретнаа откако биле разделени како бебиња

Идентични близначки, кои биле разделени по раѓањето, имаа среќа повторно да се сретнат.

Одри и Грејси биле посвоени од кинески сиропиталишта и живееле во две семејства во Америка, но до неодамна не знаеле една за друга. Нивната средба нема да ве остави рамнодушни.

 

Разбирливо, 10-годишните девојчиња не можеа да ги задржат солзите и изјавија дека се возбудени и среќни.

Џенифер Доринг, мајката на Одри, го истражувала минатото на посвоената ќерка и наишла на фотографија од жена која претходно ги имала згрижено близначките. На фотографијата биле прикажани двете девојчиња едно до друго, па така Џенифер дознала дека Одри има идентична роднина.

По кратко време, Џенифер успеала да стапи во контакт со семејството кое ја посвоило Грејси и направиле ДНК тест кој покажал дека девојчињата се близначки.

По посвојувањето, и двете девојчиња преживеале операции поради проблеми со срцето.

Кога Одри дознала дека има сестра, била многу изненадена: „Мислев дека родителите се шегуваат со мене“ – рекла таа.

Прегледи:
358
Објавено на:
13.01.2017