Категории

Срна постојано се враќа кај својата спасителка во знак на благодарност (ВИДЕО)

Една жена спасила срна додека била мала. Малата срна останала без мајка и не можела да се грижи за себе. Жената ја хранела, се грижела за неа и ја обезбедила со се што и било потребно, за да може покасно да се снајде во дивината.

Откако срната се опоравила, вратила во своето природно живеалиште. Меѓутоа понекогаш доаѓа кај својата спасителка, со цел да ја посети и да и се заблагодари за грижата и негата која и ја пружила додека била малечка.

Нивните средби се преслатки, исполнети со галење, нежност и секкао храна, која никогаш не се одбива. Погледнете го видеото од една од нивнте средби, која ќе ве разнежни.

Прегледи:
408
Објавено на:
24.11.2017