Категории

Српски рудари открија римски брод

Археолозите во Србија открија римски брод во огромен каменолом за јаглен.

Локацијата е позната како Виминациум, поранешна римска населба.

Се претпоставува дека бродот бил дел од флотата што му служела на римскиот град којшто имал околу 45 000 жители, форум, палата, амфитеатар, храмови, аквадукти, бањи и друго.

Најверојатно бродот датира од 3ти или 4ти век од нашата ера кога Виманациум бил главен град на римската провинција Мезија.

Ова е второ откритие од 2020 година, а археолозите веруваат дека бродовите или потонале или биле напуштени на брегот на реката.

Прегледи:
382
Објавено на:
04.08.2023