Категории

Срце, душо или принцезо? – Начинот на кој тој ве нарекува открива за вашата врска

Секако дека не постои девојка на која не е мило кога саканиот ја нарекува со слатки прекари, меѓутоа дали сте знаеле дека не е баш сеедно со кој прекар ве нарекува и тоа може да ви открие многу за вашата врска.

Иако делува на ситница, тоа може да открие многу нешта за вашата врска ако внимателно ги следите неговите термини кои ги користи во разговорот со вас. Еве што „прекарот од милост“ открива за вашата врска.

Срцушка, душичка, миличка..
Ваквите прекари во деминутив покажуваат дека вашиот сакан се чувствува како посилен во вашата врска. Се смета за ваш заштитник. Од една страна тоа е слатко а од друга страна може да доведе до тоа тој да не ве сфаќа сериозно.

Драга
Досадно! Секогаш мораш да мислиш како сите негови партнерки пред тебе (и кои евентуално ќе дојдат после тебе) ги нарекувал така. Тоа е најчест прекар кој се користи во врските.

Принцеза или ангел
Тој е вистински романтичар. Всушност, веројатно сте и двајцата. Кога немаш волја да зборуваш со него тој ќе те разнежни со овие називи. Внимавај само да почне да се чувствува како принц само затоа што тебе ти вели дека си принцеза.

Кралица
Ако не те нарекува принцеза, туку кралица, тоа значи дека вашата врска е на сосема друго ниво. Заљубен е во тебе и веројатно буквално би ти јадел од рака. Само внимавај да останете на исто ниво и да не почнеш да се однесуваш како вистинска кралица.

Baby, honey..
Тие прекари неретко значат дека те посматра како сексуален објект а помалку како своја партнерка. Можеби нема толку сериозни планови со тебе како што ти се чини.

Буцка, дебела, бумбар..
Тие прекари воопшо не се во ред и веројатно и тој е свесен за тоа. Ако не е, време е да го предупредиш..

Прегледи:
964
Објавено на:
08.11.2020