Категории

ССК и Скопски Саем најавуваат: Ново издание на Саемот за градежништво 24 – 28 октомври

Меѓународен Саем на Градежништво, градежни метеријали, енергетика, водовод, алати и градежна механизација САЕМ НА ГРАДЕЖНИШТВО 2018 и 8. Саем на недвижнини и инвестиции – Realexpo 2018 ќе се одржат следната недела од 24.-28.10.2018 во комплексот на Спортскиот Центар Борис Трајковски.

Во истиот период ќе се одржи и реномирата манифестација Технома 2018, која ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита, еден од најголемите бизнис настани во државата.

„Спојувањето на двете манифестации ќе придонесе да се направи настан од голема важност како за изложувачите така и за посетителите, имајќи во предвид дека програмот на изложување се надополнува. Акцент на саемите ќе се стави на енаргетикатa, заштеда во енергијата, користeње на материјали за енергетска ефикасност, енергетски ефикасни решенија, заштита на околината и рециклирање, енергетско ефикасно домување, употреба на материјали за добивање на енергетско ефикасни објекти. Оваа саемска манифестација, е од особен интерес за архитекти, проектанти и дизајнери на екстериери и ентериери, градежници, трговски застапници, дистрибутери, добавувачи, професионалци во градежната индустрија, како и за широката публика, која е сè повеќе заинтересирана најновите информаци за производите и услугите од областа на градежништвото и недвижностите да ги добие токму на ваков тип на саемска манифестација каде што имаат можност да остварат директен контакт со изложувачите “, изјави Валентина Димитрова, оперативен директор Саем за градежништво и технома, Скопски Саем.

Градежната комора на Македонија традиционалнао ја поддржува Саемската манифестација. Претседателот Ивица Јаќимовска истакна дека најголем дел од компаниите членови на комората се присутни на Саемот.

„Во пресрет на Саемот би сакале да ја информираме јавноста дека граѓаните кои имаат планови да купуваат имот, ќе имаат можност на едно место да ги разгледаат понудите на градежните компании, банките и да ја согледаат моменталната понудa на пазарот на недвижности. Цената ја формираат квалитетот на градбата и атрактивноста на локацијата каде што е потребно да се исполнат условите за квалитетно живеење, со инфраструктурна поврзаност, градинки, училишта, маркети, ориентација и слично. Градежништвото секаде во светот е двигател на економијата и е основ за економски раст поради тоа што директно со градежништвото се врзани уште повеќе од 26 индустрии кои се придвижуваат со инвестирање во него. Потребно е да се продолжи во инвестирањe во капитални објекти кои се потребни за дополнителен раст на економијата во Македонија. За зајакнување на економијата неопходно е континуирано зголемување на вредноста на квалитетните станови и деловни простори, како што е праксата во Европската Унија и во најблиското опкружување“, изјави Јаќимовски.

На Саменската манифестација , како програмски партнер, ќе биде промовирана и Програмата за поддршка на зелената економија – GEFF на Европската Банка за Oбнова и Развој која обезбедува финансирање за подобрување на енергетската ефикасност во домовите.

“Програмaта за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), во Западен Балкан обезбедува финансии за инвестиции во енергетски ефикасни технологии. Клучната цел на оваа програма е да им помогне на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, да ја намали емисијата на гасови и да ја подобри удобноста на животот. Во програмата се вклучени 11 технологии и преку 3.000 производи кои се високо ефикасни. Ве покануваме да ја посетите оваа саемска манифестација и да добиете информација како може да си вратите до 20% од инвестицијата. Проектот можат да го користат сите оние кои градат нови фамилијарни куќи или ги реновираат своите станови или куќи. EBRD GEFF се спроведува во рамките на

Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), финансирана од Европската Унија“ изјави Блета Абдулаи, експерт за маркетинг и комуникации во проектот EBRD GEFF за Македонија, Албанија и Косово.

Во рамките на овој саем по осми пат ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции Real Expo 2018. Основната цел е да ги собере сите релевантни фактори на едно место, кои ќе ги презентираат сегашните и идните проекти, како и да воспостават нови бизнис контакти помеѓу претставниците на градежниот сектор, широката публика и јавните институции