Категории

СТАРТУВАШЕ АКЦИЈАТА: „ОД КОГО КУПИ „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“?“

Состојбата со пандемијата направи значајно влијание и промени врз текот на работните амгажмани на продавачите на „Лице в лице“.

Дел од нив, постепено, се враќаат на своите обврски на терен, но, некои од нив, посебно продавачите кои припаѓаат на здравствено ризичитет групи, не можат да продолжат да го продаваат списанието на стариот начин – на улица, добивајќи ја при купопродажбата и вашата насмевка, дружба, поддршка…

Затоа, за да се задржат работно активни, вклучени, но, и за да се овозможи и понатаму нивното економско-социјално зајакнување, тимот на Лице в Лице ја стартувавше акцијата, „Од кого купи „Лице в лице?”.

Читателската публика својата поддршка може да ја изрази преку купување печатено издание на  Лице в лице  од нашата е-продавница, со персонализиран купон.

Доволно е во полето КУПОН да се внесе код KupivOd (името на продавачот), а тој списанието ќе го испрати по пошта, или доколку сте организација или компанија, ќе ги достави списанијата до вашите простории. Вашата поддршка може да стигне до продавачките од Poraka Negotino, Волково, (KupivOdMariche, KupivOdAnabela, KupivOdGorde, KupivOdKate и KupivOdPepi), како и до продавачите Кико и Игорче, (KupivOdKiko, IgorPoraka).

Со секое купено печатено издание од продавачките од „Порака Неготино” ќе добиете и подарок цртежи од нивните креативни работилници.

„Лице в лице“ е единственото улично списание кај нас и е едно од пионерските социјални претпријатија во земјава. Списанието овозможува  работна интеграција на потешко вработливи сограѓани. Еден број чини 100 денари, а половина е заработка за продавачот.

Прегледи:
587
Категории:
Хуманост
Објавено на:
22.07.2020