Категории

Ставете ја левата дланка на срцето и дишете длабоко: Пробајте ја оваа моќна медитација веднаш и ќе ја почувствувате промената

Оваа едноставна медитација ќе ви помогне да почувствувате како стресот ве напушта.

Кога американскиот психофизиолог д-р Rollin McCraty открил дека ставањето на раката на срцето, проследено со бавно дишење, може да ги смири умот и телото, многу антистресни техники се развиле во таа насока.

Ставете ја левата дланка на срцето. Дишете полека, лесно и длабоко, насочувајќи го здивот кон пределот на срцето. Размислувајте за момент кога со некоја личност сте се чувствувале безбедно и сакано. Не треба да размислувате на целата врска со таа личност, доволно е само еден момент.

Присетувајте се, размислувајте за убавиот момент следните 20 – 30 секунди. Ќе забележите дека се чувствувате физички помирни и побезбедни!
Оваа техника на медитација можете да ја практикувате онолку пати колку што сакате, особено кога ќе почувствувате трнење кое е знак на стрес или вознемиреност. Со текот на времето, ќе научите да се ослободите од емоционалните реакции пред да ве победат.

Прегледи:
353
Објавено на:
12.09.2019