Категории

Ставете ја машката Г-точка во фокус

Жените не се единствените кои имаат Г-точка. Години наназад сексолозите ги поттикнуваат припадничките на понежниот пол да им пружат поголемо задоволство на своите партнери така што ќе ја стимулираат нивната P-точка (P- за простата).

Производителите на секс играчки решија да им ја олеснат работата, создавајќи го практичниот „Lelo loki“ масажер, со кој секој маж ќе може да доживее неверојатен оргазам. Интересно е тоа што, на кратко откако се појави на пазарот, масажерот стана еден од најдобро продаваните.

Простатата е мала жлезда со големина на орев која се наоѓа помеѓу пенис (напред), мочниот меур (горе) и ректумот (позади ). Може да и се пристапи индиректно за  сексуална стимулација преку вметнување на прст во анусот или со масажа на перинеумот, односно кожата која се наоѓа помеѓу тестисите и анусот.

Едно истражување спроведено помеѓу парови кои веќе започнале да ја стимулираат P-точката покажува дека дури 71 процент од мажите би сакале да го повторат искуството, додека 80 проценти од жените би се нафатиле да ја масираат P-точката доколку тоа му причинува задоволство на нивниот партнер.

Прегледи:
887
Објавено на:
11.06.2016