Категории

Сте слушнале ли за сината Јава банана? Изгледа необично и има вкус на сладолед од ванила!

Оваа банана мириса прекрасно и богата е со калиум, а нејзините листови се корисни. Жителите на јужна Азија ја користат за подготовка на храна, како подлога за пржење, печење, греење или варење.

Сината Јава банана, која ја нарекуваат и „сладолед банана“ е мала, здрава и вкусна, а единствена маана и е што е многу ретка. Расте во јужна Азија, иако се одгледува и во други делови од светот, а способна е да преживее температури кои се спуштаат и под нулата.

Најидеалната температура за растење би била околу 5 степени. Зрелите плодови се долги околу 13 цм, а самата билка нараснува до околу 5,5 метри. Сината банана има вкус на сладолед од ванила, убаво мириса и богата е со калиум, но и многу други минерали. Од хранливи состојки во себе содржи 0,3 гр јаглехидрати и 89 калории на 100 гр банани.

Оние кои ја вкусиле велат дека е прекрасна, толку вкусна што ја лижеле кората одвнатре за да ја соберат и последната трошка од неа.

Прегледи:
728
Објавено на:
11.06.2019