Категории

Што кога Вашето дете сака да спие во ист кревет со Вас?

Еве неколку идеи кои би можеле да ви помогнат:

·         Ставете ноќна светилка во неговата соба.
·         Легнете си со него во кревет неколку минути или останете додека тоа не заспие.
·         Ставете вреќа за спиење или помошно креветче до Вашиот кревет. Така детето ќе биде близу, но нема да биде во Вашата постела.
·         Снимете ЦД на кое со Вашиот глас ќе му читате приказни, па пуштете го секогаш кога е време за спиење.
·         Иако затворени врати не се препорачуваат заради безбедност од пожар, можеби би било добро да размислите за опцијата да спиете со отворени врати одреден период.
·         Дозволете му на Вашето дете да си одбере чаршаф или пак нова перница којашто неговиот кревет ќе го направи специјално место.
·         Ако плишано мече не ја заврши работата, аквариум со златна рипка секогаш е добра опција.
·         Дозволете му на Вашето дете да спие во иста соба со своето братче или сестриче.
·       Наградете го за поминатата ноќ во својот кревет или направете табела со деновите од неделата и залепете светкава налепница секој пат кога детето ќе ја помине ноќта во својот кревет.

1 2

Прегледи:
814
Објавено на:
11.03.2016