Категории

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ОГЛЕДАЛОТО ВО ВАШИОТ ДОМ КОГА НОСИ ПОЗИТИВНА, А КОГА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА

Најмногу верувања се поврзани со огледалата – ова важи во еднаква мера за сите народи. Доволно е во некоја куќа да се скрши огледало и во душите на луѓето се раѓа тревога од нешто кобно што престои.

Според традициите ако некој умре, во куќата се става ткаенина врз сите огледала, додека душата на покојникот да ја напушти куќата.

Меѓу источните народи се смета дека во огледалото се одразува негативната, но и позитивната енергија.

Според руски научници огледалото има способност да ги фиксира емоциите на човекот, а потоа да ги предаде на оној кој следен ќе се погледне во него.

Огледалата имаат својство да запомнат и пренесуваат информации. Затоа, кога ќе се видите во огледало, постојано посакувајте си здравје и среќа.

Секогаш одржувајте ги огледалата во Вашиот дом совршено чисти. По семејна расправија, веднаш измијте ги сите огледала, за да ги избришете од нив сите непријатности и омразата која останала.

Овие совети се многу важни, бидејќи огледалата земаат дел од секоја куќа и доколку внимавате и ги следите среќата нема никогаш да Ве напушти.

Прегледи:
408
Објавено на:
26.03.2016