Категории

Стопете го салото околу струкот преку ноќ – Магична облога која ќе ја подготвите сами

Ако сакате вашето тело да биде затегнато, испробајте ја оваа облога од ѓумбир.

Консумирањето ѓумбир го забрзува метаболизмот, а со самото тоа и ви помага да изгубите вишок килограми. Слично влијание има и облогата за тело од ѓумбир. Откријте како да ја направите и на кој начин можете да ја користите.

ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО?

  • лажица ѓумбир во прав (свеж или изрендан)
  • неколку лажици лосион за тело
  • пластична фолија
  • пешкир
  • еластичен завој

 

ПОДГОТОВКА:
Пешкирот натопете го во топла вода и замотајте го околу струкот. Оставете неколку минути за порите од кожата да се отворат. По потреба повторете го овој чекор уште еднаш.

Измешајте ѓумбир со лосион за тело, намачкајте на кожата во дебел слој од оваа мешавина. Потоа замотајте го неколку пати со прозирна фолија. Преку фолијата ставете еластичен или обичен завој.

Немојте премногу да стегате. Поентата е да се чувствувате пријатно.

Оставете да делува барем четири чса, а ако не ви претставува проблем може и преку ноќ. Во почетокот ќе почувствувате пецкање. Не грижете се затоа што тоа е знак дека облогата делува.

Оваа облога од ѓумбир ја намалува насобраната маснотија во телото. Напоменуваме дека резултатите се уште подобри ако ја применувате секој секој ден, ако вежбате и ако се храните здраво.

Прегледи:
723
Објавено на:
23.10.2020