Категории

Страст или љубов за цел живот? 5 клучни разлики кои ќе ви помогнат да дознаете!

Понекогаш хемијата ја мешаме со емоции и се наоѓаме во вистински проблем. За да не се случува тоа повторно, ви откриваме пет главни разлики помеѓу љубовта и страста.

Недостаток на теми 

Ако вашиот разговор се сведува на секс или договор за следниот состанок, размислете дали е тоа нешто кое го посакувате на долги стази. Заедничките интереси и теми се еден од клучните темели на врската, па затоа не ги занемарувајте.

Различни ставови и погледи

Некои темелни вредности се прв тест на вашата компатибилност. Доколку вашите гледишта на теми како што се вера, начин на живот, сексуалност или семејни вредности потполно се разликуваат, размислете дали би можеле да се замислите со таа личност во долга врска или брак.

Нетрпение

Се обидувате на сите начини да дознаете дали е тоа „вистинско“ или не? Со нетрпение можете сами на себе да си докажете дека овде станува збор за страст и дека хемијата помеѓу вас почнала да се намалува, па се чувствувате дека мора да преземете нешто за да одите понатаму, а всушност треба да направите чекор наназад и да ја рационализирате ситуацијата.

Лоша комуникација

Не престанувате еден на друг да си објаснувате што сте мислеле и никако не пронаоѓате заеднички јазик? Тоа, за жал, значи дека вашиот однос требало да се задржи само на физички аспект или усте подобро, на ништо.

Занемарувањето на други луѓе

Кога станува збор за вистинска вљубеност ќе пројдете низ таа фаза, но само накратко. Ако поради него/неа занемарите важни луѓе во својот живот, но и грижата за себе и кариерата, размислете дали воопшто тој/таа се грижи за вас и вашиот живот надвор од четирите ѕидови на спалната соба.