Категории

Страствени и нескротливи: Овој хороскопски знак е роден лидер, а доколку не му се допаднете стојте понастрана

Личностите родени во овој знак навистина умеат да се наметнат пред другите и оставаат голем впечаток на својата околина. Станува збор за личностите родени во знакот на Овен.

Што мора да знае вашиот партнер за вас?

Вие сте многу страствени, љубоморни и во извесна смисла инфантилни и посесивни. Вам не треба да ви се спротиставуваат и да ја тестираат вашата толеранција.

Потоа, задолжително треба да му ја препуштите доминантната улога на Овнот, а особено тоа правило важи пред надворешниот свет. Важно е постојано да го инспирирате Овнот преку различни предизвици или љубовни игри или да ја поттикнувате неговата страст. Проблемот кој вам ви задава најголема главоболка е тоа што Овнот најмногу го возбудува почетокот, во комбинација со некое ново искуство, како и некоја забранета игра.

Како да го задржите Овнот?

Никако, доколку сам не сака. Не бидете наивни, бидејќи Овнот сам поставува граници на својата слобода и сам ги руши доколку сака.

Дали се Овновите склони кон авантури и неверства?

Во принцип да, но сѐ е тоа дискутабилно, бидејќи Овенот е искрен, спонтан и има некои посебни аршини кои ги користи само за себе. Значи, помирете се со тоа дека постојат различни правила и не инсистирајте на рамноправност.

Во превод, оона што важи за Овнот не важи и за вас.

Како се однесува Овенот во љубовна врска?

Сѐ зависи од тоа колку е заљубен и колку силно проработеле неговите страсти, па потоа и неговите емоции. Во најдобар случај, Овенот е многу страствен, потентен, забавен, духовит или дарежлив и со него никогаш нема да ви биде монотоно.

Одлуките ги носи ненадејно и без претходни подготовки и најави. Во таа смисла, мора да бидете спремни на големи осцилации во љубовниот однос и мора да вложите голем напор за да го пратите во чекор.

А како се однесува во брак?

Многу заштитнички и коректно, но под услов вие строго да играте по негови правила. Можни се исклучоци но само тогаш кога ви се дозволени.

Што го привлекува Овнот највеќе?

Мора да поседувате добар физички изглед или да делувате многу привлечно, атрактивно, шармантно и спонтано. Овенот секако реагира на визуелниот момент, но не заборавајте дека од сѐ е најважен флуидот, сексапилот или елекстрицитетот кој ги распламтува неговите страсти.

Да привлечете магнетски еден Овен е можно само доколку поседувате страстна природа, изострени сетила и жешки емоции.

Прегледи:
1468
Објавено на:
22.11.2021