Пренатрупани сте со секојдневни задачи, збунети сте и не знаете што и како да направите?
Еве неколку стратегии коишто ќе ви помогнат да ја зголемите вашата продуктивност, а вие за кратко време ќе блеснете со насмевка:
- Менаџирајте го времето. Одлучете кои се вашите приоритетни задачи, а другите оставете ги настрана.
- Големите задачи иситнете ги на мали парчиња со коишто ќе можете полесно да управувате.
- Ослободете се од работите што ви го одземаат вниманието.
- Организирајте го вашето работно место за да вашиот ум биде почист.
- Обидете се да внесете фокус во она што го правите.
- Организирајте редовни паузи за да го одморите мозокот.