Дејл Карнеги е психолог, писател и педагог кој секогаш го наметнувал концептот дека во светот нема лоши луѓе. Голем верник во само-раст и само-подобрување, неговите книги инспирираа многу луѓе да го променат својот живот на подобро.
„Постојат само непријатни околности кои лесно може да се изменат. Доволно е само да се промени односот кон нив“, велел тој.
Во продолжение ви ги пренесуваме неговите најдобри мудри совети.
1. Стравот постои само во вашиот ум, на ниедно друго место.
2. Однесувај се како да си среќен и ќе станеш посреќен.
3. Секој човек е барем пет минути дневно будала. Вистинската вредност се сведува на тоа тој временски лимит да не се премине.
4. Ако судбината ти подари лимон, направи од него лимонада.
5. Научете да се ставате во положбата на другиот човекот и да сфатите што му е потребно нему, а не вам. Целиот свет ќе биде со оној кој ќе успее тоа да го направи.
6. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефективните.
7. Ако посакате да промените некого почнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.
8. Замисли ги најлошите последици кои може да ги предизвикаат твоите постапки, однапред помири се со нив и потоа делувај.
9. Насмевката не чини ништо, но многу вреди.
10. Многумина повикуваат доктор кога им е потребна публика.
11. Луѓето не ги интересирам ниту јас, ниту вие. Наутро, напладне и навечер тие се занимаваат само самите со себе.
12. Кога човек ќе започне војна против самиот себе, тој веќе вреди нешто.
13. Јасно е дека вашиот маж има недостатоци, но кога би бил светец не би се оженил со вас.
14. Запомнете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук за него на било кој јазик.
15. Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не сме.
16. За мудриот човек секој ден почнува нов живот.
17. Не утре. Денот за спасување на човекот е денес.