Категории

Стравувате од напади на паника? Психолозите советуваат како да си помогнете

Сѐ почесто се зборува за паничните напади, а некои истражувања тврдат дека една од четири особи во текот на животот доживува паничен напад. Што е точно нападот на паника и како можете да си помогнете себеси а и на другите. Како да го препознаете нападот на паника и многу други одговори поврзани со оваа состојба.

Надвор е сончево, ги слушате птиците како пеат и децата како си играат во паркот. Вие гледате од својот балкон и пиете кафе. Безгрижни сте, кога наеднаш, чувствувате забрзано чулање на срцето и страв.
Не знаете што точно се случува но е неиздржливо, чувствувате како да ќе умрете. Тоа е инфаркт, морате да се јавите на итна помош, или подобро на некој близок.
Во еден миг сте повторно добро, ги слушате птиците како пеат.
Но не ви е јасно што се случи предмалку, што е тоа што значи.

Што е нападот на паника?
Ако некогаш сте почувствувале нешто слично а не постоела органска основа за оваа состојба, најверојатно сте имале напад на паника. Што е тој всушност?
Нападот на паника е еден од типовите на анксиозно пореметување и може да претставува реакција на пролонгиран стрес, траума и да се јавува неколку пати во годината така што личноста тешко може да поврзе зошто воопшто се случвува таква физичка реакција.
Со оглед на тоа дека се непредвидливи, додатно предизвикуваат притисок кај личноста кој предизвикува одреден степен на страв дека може да се случи повторно.

Како да си помогнете
Многу е важно да останете смирени и да си кажете на себеси дека сето тоа е само ментална состојба и вашето тело е сосема во ред, дека ништо лошо не се случува со него и дека наскоро ќе помине и се ќе се врати во нормала. Легнете на кревет и пуштете пријатна музика и почнете да дишите длабоко.  Зборувајте со некој близок. Вежбајте медитација кога сте во можност.
Многу е важно да знаете дека ова е еден од по нормалните случаи, но доколку нештата излезат од контрола, неопходно е да побарате стручна помош.

Прегледи:
467
Објавено на:
22.10.2019