Категории

Стручните лица сметаат дека ОВА е најдоброто време бебето да добие своја соба

Доколку детето има кошмари родителите треба да го земат во кревет и да го смират. Тоа не е погрешно, бидејќи на тој начин детето добива порака дека мама и тато се секогаш тука да го заштитат. Тоа допринесува да се чувствува безбедно.

Бебињата од своето раѓање се научени на близината со своите родители. Се препорачува креветчето да биде во спалната соба на родителите, бидејќи во првите денови и месеци од животот на бебето често се буди и плаче. Во тој случај попрактично е бебето да биде со својата мајка. Кога бебето ќе порасне и веќе не се буди во текот на ноќта, може да спие само.

По првиот роденден детето е подготвено да спие само, а родителите треба да ја остават вратата отворена за да можат да слушнат кога ќе се разбуди и кога ќе заплаче. Децата на таа возраст сакаат да спијат со родителите и тоа до некоја мера може да им се допушти.

Кога детето е поголемо, родителите може да го заспијат и да му објаснат дека не треба да спие со родителите, оставајќи го во неговата соба со придушено светло.

Прегледи:
414
Објавено на:
04.06.2018