Категории

Студентка го воодушеви светот со својот изум – Креираше заштитни маски за глувонеми

Во моменти кога сите се во паника поради пандемијата, многу нешта остануваат занемарени помеѓу кои и тоа дека заштитните маски се проблем за личностите кои се глувонеми. А оваа студентка го реши проблемот и ги заслужи сите пофалби.

Студентката Ешли Лоренс забележа дека никој не прави маски кои би одговарале на заедницата за глувонеми луѓе.
Како што бројот на новозаразени со коронавирусот расте, важно е секој да ги добие основните медицински средства, а Ешли одлучи да се продружи создавајќи маски за оние на кои помошта им е најпотребна.

Со оглед на тоа дека на глувонемите лица им е потребно да ја видат устаат на соговорникот во текот на разговорот, Ешли направи маски кои имаат провиден пластичен дел.
21-годишната студентка која студира дефектологија ги прави маските за глувонеми заедно со својата мајка и ги дели бесплатно.

Прегледи:
630
Објавено на:
06.04.2020