Суфле е традиционално јадење кое може да биде солено или благо. Суфлето се смета за типичен француски деликатес, кој денес е омилен меѓу сите гурмани. Иако тешко се подготвува, за вас одбравме лесен рецепт за суфле од спанаќ и тврдо варени јајца.
Состојки:
- 500 гр спанаќ
- 125 гр путер
- 4 јајца
- 60 гр брашно
- 200 мл млеко
- сол, бибер
За фил:
- 300 гр крем сирење
- 4 тврдо варени јајца
Подготовка:
Очистете го спанаќот, а потоа исечкајте го на мали парчиња, исцедете го вишокот од водата со раце и додадете го топениот путер. Потоа додадете 30 грама брашно, посолете и измешајте. Спанаќот ставете го во лим (врз хартија за печење) и печете на 180 степени додека не испари водата. Измешајте ги јајцата со миксер, додадете млеко и 30 грама брашно и зачинете со сол и бибер. Посипете го спанаќот со смесата од јајца и продолжете да печете додека спанаќот не добие боја.
Кората од спанаќот премачкајте ја со крем сирење, додадете 4 варени јајца исечени на помали парчиња и направете ролна. Кога ќе се излади исечете го на подебели парчиња и послужете.
Добар апетит!