За празниците месото беше главното јадење, а сега потребен му е малку одмор на организмот од тешка храна и повеќе консумирање зеленчук. Ова е предлог за еден оброк кој бргу се подготвува.
Состојки:
- 1,5 кг компири
- 1/2 л павлака за готвење
- 2 дцл млеко
- 1 дцл масло
- 1 кесичка супа од печурки
- кашкавал по желба
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на кругови. Зачинете ги со бибер и сушени зачини и добро измешајте. Изматете ја супата од печурки во павлаката, така што нема да има грутки, додадете млеко и масло и на крај сечкан магдонос. Наместете ги компирите во тепсијата, турете го преливот и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути. Изрендајте одозгора кашкавал па вратете го јадењето во рерна уште десетина минути.