Категории

Суперхрана за совршена кожа и коса

Освен во бројни препарати, поддршката за убава кожа и коса можете да ја најдете и во храната која секојдневно ја внесувате.

Новата суперхрана има одлично влијание врз изгледот на кожата и косата, а во своето нутритивно богатство ги имаат миктонутриентите кои го одржуваат целокупното здравје на организмот.

МАНГОСТИН ЗА СЈАЈНА И МЕКА КОЖА – Познат како ‘кралицата на плодовите’ доаѓа во облик на тврда корупка под која се наоѓа мека срцевина. Освен што влијае на убавиот изглед на кожата, мангостинот дава енергија и виталност и го подигнува имунолошкиот систем. Се конзумира само внатрешниот бел дел – сиров, сушен или како сок.

ТУШТ ЗА СЈАЈНА КОСА – Уште една билка која може да се користи како додаток во исхраната, во салати или јадења од месо. Неговите својства вклучуваат витамини А,Б и Ц,  магнезиум, калиум, и калциум. Тој е богат со омега 3 масни киселини кои помагааткожата и косата да изгледаат здраво и негувано,ја зголемува нивната еластичност и влага. Ако го вклучите во вашата исхрана, ќе имате неверојатно сјајна коса.

ИНДИСКО ГРОЗЈЕ ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ НА КОЖАТА И ЦВРСТА КОСА – Индиското грозје е 20 пати побогато со витамин Ц од портокалот што значи со секјдневно конзумирање можете да ја зајакнете косата во коренот и да и ја подобрите пигментацијата што значи коса која изхледа здраво и сјајно. Оваа состојка го успорува процесот на стареење и ја подмладува и освежува кожата и го спречува опаѓањето на косата.