Категории

Супермесечината видена и од кај нас (ФОТО)

 Иако не можевме да ја видиме крвавата сина супермесечина, можеме барем да уживаме само во супермесечина.

Феноменот на поклопување на три лунарни појави, супермесечината, сината месечина и целосното затемнување не беше видлив од територијата на Европа, но затоа можевме да ја видиме супермесечината во полн сјај.

Супермесечина е појавата кога Месечината е полна, но и се наоѓа најблиску до површината на Земјата. Притоа, месечевиот диск го гледаме поголем и посјаен од обично.

Фото: Борче Поповски

 Извор :  Слободенпечат.мк
Прегледи:
335
Објавено на:
01.02.2018