Категории

Суптилни гестови кои откриваат дека сте несигурни

Многу луѓе не сакаат да ги прикажуваат своите слабости, па кога поминуваат низ тешки моменти, тие воглавно се трудат да не им откриваат на другите како се чувствуваат и создаваат илузија дека и понатаму ги држат нештата под контрола.

Зборовите не се доволни да ги убедите другите дека ништо не ве мачи. Вашиот говор на тело открива дека сте анксиозни поради нешто, а кои гестови на другите им прикажуваат дека сте несигурни можете да откриете во наредните редови.

Чување на рацете во џебовите
Во некои култури, чувањето на рацете во џебовите на јавно место се смета за непристојно. Ако тоа го оставиме на страна, држењето на рацете во џебовите се толкува како резервирано држење кое несвесно создава сомнеж дека нешто сокривате.

Константно допирање на некој дел од телото
Луѓето понекогаш чешкаат некој дел од телото, на пример, вратот, иако немаат добра причина за тоа. Можеби помага да се опуштат во стресни ситуации, но исто така на другите им покажува чувство на несигурност.

Извештачена насмевка
Насмевката може да ја сокрие вашата нервоза, ако луѓето перципираат дека е искрена. Мал број поединци успеваат во тоа. Голем дел залудно се обидува да одглуми добро расположние со пренагласена насмевка, но таа постигнува само спротивен ефект.

Кашлање пред почеток на разговор
Луѓето кои се под стрес имаат брза работа на срцето, се потат и устата им е сува. Ова е последица затоа што многу од нив кашлаат пред да почнат да зборуваат.

Тупкање со ногата
Луѓето внимателно ќе слушаат што имате да им каете и нема да се посомневаат дека чувствувате анксиозност ако седите на маса со нив, но ако случајно забелажт дека тупкате со ногата под стол, нивната перцепција за вас во истиот миг ќе се промени. Тие ќе почнат да обрнуваат помалку внимание на вашите зборови а повеќе ќе размислуваат за вашата ментална состојба во тој миг.

Прегледи:
700
Објавено на:
25.11.2020