Категории

Сурферката која ја разгорува машката фантазија

Сексапилната американска сурферка Анастасија Ешли, освен што е вешта на брановите, постојано ја разгорува и машката фантазија.

Таа колку што е успешна во сурфањето, исто толку е успешна и во позирање за модните и машките списанија.

Нејзиниот сексапил е магнет за уредниците на голем број модни списанија, а нејзинте облини на наслвните страници ги плакнат очите на припадниците на посилниот пол.

Ешли е родена во Сан Клементе, Калифорнија на 10 февруари, 1987 година.

2

Започнала да се занимава со сурфање на пет годишна возраст, пред да се пресели на Хаваи. На шест години победила во натпревар за сурфање со помош на стара даска која што ја нашла во контејнер за отпадоци пред нејзината куќа.

Една година подоцна го потпишала првиот спонзорски договор. Во 2003 година, станала добитник на наградата дебитант на годината.

Во 2014 година, на врвот на својата популарност, Анастасија се појави и во бикини издание на насловната страна на “Sports Illustrated”.

Во септември 2014 година, таа започна со производство на својата сопствена џет-сет линија за накит, во соработка со познатата компанија OK1984.

3

4

5

Прегледи:
378
Објавено на:
22.04.2016