Категории

Свадбени обичаи: Зошто се носи вел, мажот клекнува пред саканата, жената седи од левата страна…

Многу девојки моментот кога момчето ќе клекне пред нив и ќе го постави прашањето „Ќе се омажиш ли за мене“ го сметаат за еден од најсреќните моменти во живот.

Ние пак, сакавме да дознаеме зошто мажот речиси секогаш клекнува, а барајќи го тоа, дознавме и зошто жените носат вел, како и зошто при брачната церемонија невестата стои на левата страна, а младоженецот на десна, што ви го презентираме во продолжение.

Клекнувањето – единствен физички показател за љубов

Можеби мислевте дека клекнувањето е преземена идеја од филмовите, но приказната е нешто поинаква. Всушност, оваа пракса се појавила кон крајот на Средниот век и тоа меѓу имотните жители, како и кај витезите.

Во тоа време, браковите често биле договорени и тоа без присуство на идните младенци, па и немало потреба за запросување, како што тоа е случај денес. Дури и кога биле присутни при договорањето, или седеле или стоеле на страна.

Но, од друга страна, постојат и такви приказни кога мажите со години им се додворувале на жените во кои биле вљубени. Се обидувале да ги освојат на разни начини, пишувајќи романтични стихови и правејќи херојски дела.

Жената во која ќе се вљубат ја сметале за супериорна, не само во однос на другите, туку и кон себе, па оттаму и потребата да клекнат пред неа.

Чинот на клекнување во тоа време симболириал понизност, подреденост, и се користи чество во религиски обреди, но во тоа време бракот и религијата биле тесно поврзани. Во љубовен контекст, мажот со клекнувањето на жената што ја сака ѝ изразува почит и ѝ кажува дека сосема ѝ се предава.

Исто така, во тоа време, физичкиот контакт бил речиси невозможен, па поминувале месеци, дури и години додека се допрат за рака или уште повеќе да се бакнат, па клекнувањето често била единствениот начин да се прикаже љубовта и верност.

Според некои други извори, клекнувањето во текот на чинот за запросувањето прв пат е забележано во почетокот на 19-тиот век. А за клекнувањето во комбинација со прстенот, бил виновен Папата. Според некои извори, во 1214 година Папа III, вовел закон според кој е одреден период на чекање пред двојката да стапи во брак. Во тој период секој од партнерите морал да носи прстен, кој означувал посветеност и обврзаност.

Велот како сигурност дека невестата нема да избега

Невестите носеле вел уште во времето на Антички Рим. Тогаш од глава до петици се облекувале, односно „обмотувале“ во црвени прекривки.

Римјаните на тој начин сакале да прикажат дека младенката изгледа како да гори, а целта била, со тој „огнен“ пламен што ја опкружувал невестата да ги избрка лошите духови, кои според верувањата, можеле да ѝ го уништат денот на венчавката.

Како одминувало времето, така велот станувал средство со кое невестата се бранела од лошите духови, но и го криела лицето од сопругот, бидејќи тој не смеел да ја види сè до моментот кога стануваат маж и жена.

Кога веќе церемонијата ќе заврши, младоженецот го симнува велот од лицето на невестата, што симболизирало „префрлување“ на соственост над, сега веќе, омажената жена, од таткото на сопругот.

Постојат и верувања дека веловите порано биле многу тешки, со цел невестата да не може никако да избега од венчавката.

Зошто невестата секогаш стои од лева, а младоженецот од десна страна?

Ако очекувавте некоја романтична причина, тогаш веднаш да ви кажеме дека нешто такво не постои. Во грчката митологија, како и во некои историски документи, често се случувало жените да бидат грабнувани.

Според книгата „The Knot and Compton“, причината лежи во тоа што десната рака на мажот секогаш требала да биде слободна, во случај да бидат нападнати, па за да може да го извлече мечот.

И Парис бегаше со Хелена, држејќи ја со левата рака. Ваквиот обичај траел сè до Средниот век, но никогаш не е искоренет во целост.

Во православните храмови пак, жените секогаш стојат од лева страна, а мажите од десна од религиски причини.

Прегледи:
371
Ознаки:
· ·
Објавено на:
14.03.2017