На 15.09.2019 Танцов Клуб Сонриса организираше свечено отворање на нивната нова сала во Аеродром и воедно го прослави својот 7ми роденден. Тие веќе постојат на локација во Центар, Дебар Маало, и оваа година направија голем чекор со проширување на уште една нова локација на другата страна од градот. Новата сала се наоѓа во просториите на Раде Кончар на адресата Трета Македонска Бригада бр. 54.
Може да погледнете каква беше атмосферата на сликите:
За Танцов Клуб Сонриса
Тие се познати по курсевите кои ги нудат: Кубанска Салса, Бачата, Кизомба, Регетон, Зумба и Латино за Деца. Од оваа година освен што се прошируваат на уште една локација воведуваат и повеќе нови курсеви: Urban Heels, Хип Хоп, Ориентален Стомачен Танц, Full Body Workout, HIIT (High Intensity Interval Training) Cardio, и Јога.
Организатори се на единствениот кубански танцов фестивал кај нас – Хола Охрид.
Исто така, дел од нивните членови имаат освоено бројни награди на натпревари, често организираат групи за посета на фестивали насекаде низ Европа, и редовно организираат танцови забави во Скопје.
Моментално нивниот тим се состои од 14 инструктори кои се спремни да го пренесат своето знаење и да го разубават вашиот ден.