Категории

Светската дјска атракција DEBORAH DE LUCA за првпат во Скопје

Ни претставува особена чест и задоволство да го најавиме најдобриот настан за првата половина на оваа година.
За прв пат во Скопје гостува една од најголемите дј ѕвезди во моментов, единствената и неповторлива DEBORAH DE LUCA

www.facebook.com/deborahdelucadj
www.deborahdeluca.it
www.twitter.com/deborahdeluca
www.soundcloud.com/deborahdelucadj

Во петок на 13 мај во малата сала од ВИП арената Борис Трајковски ќе се случува вистински спектакл за љубителите на електронската музика. Во Скопје за првпат ни гостува италијанската дј-ка и продуцентка DEBORAH DE LUCA. Таа е една од најголемите дј звезди во моментов. Во знитот на својата кариера таа ги „пали“ подиумите ширум светот, нејзиниот распоред на настапи е навистина импресивен и со право може да се каже дека е една од најбараните во моментов.

Настанот, предвидено е да започне во 22:30 часот, домашна поддршка се македонските дји НИКИФОР, ДЕНИ БЕГИЧ, ДАРЕ и НИКС, организаторите најавуваат одлична техничка поддршка на настанот, одлично звук и светло, многу ефекти, видео проекции…

Поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени и истите може да ги најдете во ПОЛА ЈУГОТОН, продажните места на купи карти за се дистрибутивната мрежа и онлајн на www.nastani.com.mk по промо цена од 500 денари, додека пак на денот на настанот и денот предходно влезниците ќе чинат 600 денари. Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 075 975 488

www.facebook.com/events/1006159609464119/

Организатори на настанот се САН продукција (Sun Production) www.facebook.com/SunProductionMKD

 

Прегледи:
1169
Објавено на:
04.05.2016