Освен познатите индикатори на оваа болест, се појави уште еден
Класичните симптоми на Covid-19 се температура, респираторна инфекција, кашлање, малаксаност и болки во телото, а новоотркриениот симптом како што пренесуваат специјалистите од Светската здравствена организација е ослабено сетило на мирис и вкус.
Меѓутоа се појавија тврдења дека постои и уште еден симптом на коронавирусот како што пренесува Daily Mail. Научниците врз основа на google пребарувањата во последните неколку недели во Америка, Италија, Шпанија и Иран како земји кои се најмногу погодени од вирусот, дојдоа до сознание дека еден од симптомите исто така е и болка и жарење во очите.
Овој симтпом сеуште не е потврден и како што пренесуваат специјалистите, би можел да погодува само дел од популацијата заразена со Covid-19.