Категории

Светски ден на рак: Направен е значаен исчекор во дијагностиката и лекувањето на рак на црниот дроб

Изминатава година направен е значаен исчекор во превенцијата, дијагностиката и лекувањето на рак на црниот дроб, истакнува по повод Светскиот ден за борба против ракот, 4 Февруари, Координативното тело за борба против хепатоцелуларниот карцином кое го води Клиниката за гастроентерохепатологија во соработка со клиниките за радиотерапија и онкологија, инфективни болести и фебрилни состојби, дигестивна хирургија, Хепар Центар Битола, ГОБ “8 Септември” и Министерството за здравство.

Минатата година за прв пат беше лансирана Национална декларација за борба против рак како дел од европскиот план за борба против ракот, со посебен осврт на ракот на црниот дроб и потребата од персонализирана медицина за негова превенција, дијагноза и третман во нашата земја. Од Декларацијата произлегоа голем број на цели и започна нивната реализација, во рамките на што се обезбеди мултидисциплинарен пристап во превенција, дијагностика и лекување на ракот на црниот дроб. Голема придобивка е и набавката на современа терапија за лекување на хепатитис Ц, како и набавка на современа терапија за третман на рак на црниот дроб. Исто така, се имплементираа и најсовремени дијагностички мерки за рана детекција на рак на црниот дроб.

Оваа година активностите на Координативното тело се насочени и кон тоа за прв пат црнодробниот карцином да се вклучи во програмата за рана детекција на малигни заболувања во нашата земја, која треба да стартува со поддршка на Министерството за здравство, Канцеларијата на СЗО во Скопје и ЕЛПА.

Националната декларација за борба против рак на црниот дроб ја повикува Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, општините и сите засегнати страни да развијат целосно финансирана национална програма, која ќе се спроведува преку партнерства помеѓу сите релевантни субјекти и засегнати страни, како во здравствениот, така и во поширокиот социјален контекст. Реализацијата на националниот план треба да се одвива во четири клучни акциони области: превенција, рано откривање, дијагноза и третман и квалитет на живот на пациентите со рак на црниот дроб.

Повеќе од 830.000 луѓе починаа од рак на црн дроб во 2020 година, со што ракот на црниот дроб е третата најчеста причина за смрт од рак на глобално ниво. Можеме да ви кажеме дека во СЗО Европа во 2020 година има 98787 лица кој биле дијагностицирани со карцином на црн дроб и 89130 луѓе починале од рак на црн дроб што по инциденца ја става Европа на високото 2 место во светот после Азија.

Во последниве пет години на Клиниката за гастроентерохепатологија дијагностицирани се 355 пациенти со рак на црн дроб.

По повод светскиот ден за борба против ракот изминативе денови е остварена средба и со Др.ЕН Јохансен новата специјална претставничка на регионалниот директор за СЗО Европа Шеф на канцаларија на СЗО Во нашата земја , претседателот на European Liver Patient Association Г-дин Марко Коренјак како и средба со кабинетот на новиот Министер за здравство.

· Разлики во стапката на преживување до 30% помеѓу ЕУ и СЗО Европски регион

· ЕУ Комисија & СЗО Европа Приоритети за ’22 #COVID19/ #EUCancerPlan

· Области на дејствување за превенција

· Алкохол превенција

· Вакцини Хепатитис Б (ХБВ) & #КОВИД19

· Третмани за ХБВ

· Лек за Хепатитис Ц (ХЦВ)

· Замастен црн дроб од неалкохолна етиологија заболување на замастен црн дроб од неалкохолна етиологија, е медицинска состојба при која се јавува прекумерно натрупување на масти во црниот дроб. Доколку не се лекува, може да доведе до сериозни проблеми со црниот дроб

· Неалкохолен стеатохепатит се јавува кога тие прекумерни масти предизвикуваат воспаление (оток на црниот дроб) и фиброза (лузни) на црниот дроб. Во изразени голем број на случаи, може да доведе до цироза или рак на црниот дроб.

· Прекумерна Дебелината/гојазност

· Физичка активност и Животен стил

· Здрава животна средина

· Нови иновативни лекови за подобар, подолг и поквалитетен живот.

Прегледи:
595
Објавено на:
04.02.2022