Денес е Светскиот ден на одење на работа со велосипед. Инициран е од страна на Америчката Лига на Велосипедсти 1956, за да се промовираат бенефициите на велосипедизмот. Кои се овие бенефиции, поконкретно?
Подобра организираност
Припремањето за одење на работа со велосипед Ве приморува да се разбудите порано од обично. Значи, автоматски станувате поорганизирани и поодговорни.
Поголема продуктивност
Станувањето рано и фактот што ќе извршите физичка активност пред работата, веќе Ве прават свежи и полни со енергија, спремни да ја завршите Вашата работа.
Подобро здравје и фитнес
Секако, дополнителната физичка активност ќе Ви е од огромен здравствен и фитнес бенефит.
Штедење пари
Ако здравјето не ви е најголем мотиватор, тогаш штедењето на пари треба да ви е. Практично, за транспорт трошите 0 денари.
Екологија
Просечната кола испушта 271g CO2 на километар, а просечниот автобус испушта 101g CO2 на километар. Велосипедот испушта само 16g CO2 на извозен километар, и тоа сето доаѓа само од „горивото“ на возачот, односно – Вашата храна.