Лике Мартенс е избрана за најдобра фудбалерка на светот за 2017 година. Холанѓанката, која игра во Барселона веднаш падна во окото на милиони мажи ширум светот кои не престануваат да праќаат комплименти.
Најдобрите фудбалери и фудбалерки се собраа во Лондон на доделувањето на наградите на Фифа „The Best“, каде во машка конкуренција победи Кристијано Роналдо, додека во женска конкуренција со наградата се закити Холанѓанката Лике Мартенс.
Фудбалерката на Барселона оваа година со Барселона го освои Европското првенство, а освен фудбалското знаење, сите ги воодушеви со својата убавина и едноставност…
-Со Барселона се посветував поради стилот на игра. За Холанѓаните, Барса има посебно место, уште од Кројф. Најдраг играч ми е Роналдињо и пробувам да ги копирам неговите трикови, кажа таа.