Категории

Тајна скривница за милијардерите: Изгледа како обична дупка, а кога ќе влезете внатре? (фото/видео)

На прв поглед  делува како обична дупка во земја, но станува збор за влез во бункер кој ќе ве сочува од апокалипса. Продажбата на сигурни, луксузни, пространи скривници кои  ги произведува фирмата  „Прифатилиште за преживување Атлас“ особено пораснала од 2012 година кога за 21 декември таа година беше најавуван крајот на светот.

Сопственикот на фирмата ги прави овие   луксузни подземни скривници  е Роба Хабрд кој таа година продавал по една скривница на ден, а од кога започнала манијата  дневно продавал по еден цел бункер.

Треба да се спомне и дека цената на скривниците се движи од 65 000 до 86 00 долари. Ако ги имате тие пари на располагање, ќе биде сигурни од некој иден „крај на светот“. Скалите водат до самата скривница.

Тука се наоѓа влезната врата за овој луксузен бункер. Компанијата нуди можност ентериерот на скривницата да го опремите според сопствениот вкус. Што се однесува до самата скривница, таа е направена од метал, а во неа може да живеат четири лица.

Во цената се вклучени ТВ, кауч, четири кревети, мијалник за садови, работна маса, маса, фрижидер. Електричната енергија се обезбедува со помош на генератор.

Скривницата е долга речиси 29 метри, широка 6,7 метри и е наменето за вкопување на длабочина од шест метри.

Прегледи:
425
Објавено на:
04.08.2016