Категории

Тајни кои мажите вешто ги сокриваат од жените

Како што жените сокриваат многу нешта од своите партнери, исто така постојат тајни кои припрадниците на посилниот пол не сакаат жените да ги знаат. Ова се само дел од нив.

Се плашат од одбивање
Без оглед на тоа колку се самоуверени, секој маж се плаши од одбивање. Голем дел од жените сметаат дека мажите се тие кои мораат да го направат првиот чекор и да пријдат први, но реалноста е многу поинаква, особено кога се работи за девојката која многу им се допаѓа.

Потешко им е да пронајдат сродна душа отколку на жените
Доколку жената посакува врска, романтичен состанок, излегување – многу е веројатно дека во краток рок тоа и ќе го добие. Меѓутоа, со мажите е поинаку. Тие се тие кои мораат да се трудат, да ги задоволуваат женските „каприци“, па дури потоа да уживаат во времето поминато во пар. Доколку кај жените тоа делува едноставно, кај мажите ситуацијата е сосема поинаква.

Мажите всушност не знаат што жените сакаат
Од мали околината им испраќа разни информации околу тоа што всушност сакаат жените. Тоа помешано со искуствата од почетокот на забавувањето, резултира со тоа додека не ја пронајдат личноста која ќе им го каже она што го има на ум, се што прават се сведува само на нагодување.

Општеството ги притиска повеќе од жените
„Биди џентлмен“, „биди независен“, „биде мачо-маж“ – сите тие се норми кои општеството им ги наметнува на припадниците на посилниот пол, затоа што „тие се мажи“. Кога жената ќе ги замоли за помош, таа не мора да стравува од осудување од околината, додека за мажите ситуацијата е потполно поинаква. Од нив се очекува секогаш и секаде да бидат „силни и цврсти на висина на задачата“.