Категории

ТАЈНИ СЕКС-ТАКТИКИ (да го добиете она што најмногу го сакате)

Без разлика на тоа дали сакате вашиот маж повеќе да му се посвети на оралното задоволување или само сакате да го прави тоа како што го правел во почеток на врската, се работи за внимателно планирање на стратешки движења со кои би можеле да победите во сексуалната битка.

Цел: да го наведеш да престане да го прави она што не ти се допаѓа.

Тактика: вешто движење што ќе го натера да се премисли

Мажите сакаат да имаат специфично движење по кое ќе ги разликувате од бившите и од идните љубовници – она што го изведуваат со голема гордост секој пат додека водите љубов. Проблем е ако тоа движење не ви одговара вам. Тоа тешко ќе му го кажете на партнерот без да ги повредите неговите чувства. И што можеме да направиме? „Кога мојот сакан посака да го направи своето специфично движење, го запрев и му кажав дека сакам да испробаме нешто ново, нешто што сум прочитала некаде“, вели Марина (32). Оваа тактика ја препорачуваат и американските психолози. „Ново искуство во вашиот сексуален живот ги прави мажите посигурни во себе, бидејќи со вас поделиле нешто што не сте го пробале со друг. Мажите сакаат да се истакнуваат и да ги гледате како некој што сака промени во сексуалната рутина. Тој ќе се чувствува посигурно, а вие ќе го добиете она што го сакате во сексот.

470473732

Цел: да го наведеш повторно да го врати сексуалниот жар

Тактика: кажете му на неговиот пријател дека е божествен во сексот

Кога го запознавте, го истражувал вашето тело како да е нешто највкусно на светот, а сега повеќе не го прави тоа? Кога ќе влезете во рутина како двојка, тогаш и сексот станува рутина. Но сексот може да стане повеќе од тоа ако се придржувате до утврден шаблон: почнувате со десет бакнежи, го соблекувате градникот, малку се галите, се ослободувате од остатокот од облеката и… готово! „Сексот со моето момче со тек на време стана здодевен. Како тој повеќе да не беше тој“, вели Сандра (28) и додава: „Размислував и одлучив да го потсетам на тоа колку добар љубовник бил во почеток на врската. Му кажав на неговиот пријател дека дечко ми е најдобриот љубовник што сум го имала. Се разбира, тој му пренел, а така мислам бидејќи тој повторно стана оној стариот“.

Цел: да го разбудиш заради секс

Тактика: доближете му се и нежно тријте се од неговото тело додека не почувствувате… реакција

Мажите често ги обвинуваме дека користат нежност само кога сакаат да дојдат до целта, но и жените го прават истото. „Маж ми не е утрински тип, но јас сакам денот да го почнам со секс“, вели Барбара (26). „Му се доближувам во креветот и нежно почнувам да мрдам со задникот додека не го разбудам. Знам дека тоа е малку нечесно, но тој не се буни многу“, додава Барбара. Кој сака да го разбудите наутро? Никој! Но ако се разбуди со ерекција покрај расположена партнерка, тоа е друга приказна.

љ3

Цел: да избегнеш секс (ајде, девојки, признајте, сите понекогаш го правиме тоа)

Тактика: кажете: „Утре ќе правиме сè што ќе посакаш!“

Не е важно дали ќе му кажете дека сте уморни или дека имате менструација, важно е тој да знае дека тој изговор важи само за тогаш. „Јас на моето момче му велам дека немам доволно енергија да го дадам својот максимум, кој тој го заслужува“, вели Магдалена (34). „Потоа му опишувам што би сакала да му правам, но следен пат, не денес“, додава. Ова е типична тактика, која не само што ќе ве спаси туку и ќе ве возбуди поради исчекувањето на следниот пат. Оргазмот е целосно опуштање на сексуалната напнатост, така што, ако го засилите исчекувањето на следниот пат, веројатно и сексот ќе ви биде поексплозивен. Вреди да пробате!

Прегледи:
584
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
22.08.2016