Нашиот познат пејач Тајзи не престанува да не изненадува со нова музика и спотови. Како што најави работи на повеќе проекти и песни на македонски, англиски и српски јазик а една од нив е токму темата Пабло која од денес е во етер и можеме да ја слушаме на сите балкански радио мрежи.
Александар Фјаза кој е роден и живее во Шведска е продуцент и аранжер додека музиката и текстот се на Тајзи кои заедно ни носат еден нов и заразен звук кој уште од старт мириса на милионски прегледи на Јутјуб впрочем како и сите видеа на Тајзи кои веќе имаат вакви цифри. Миксот и мастерот се на Роберт Билбилов, а спотот е објавен од Балкатон продукција од соседна Србија од каде што најавуваат вистинска бомба од македонскиот пејач.
Спотот е навистина со холивудски сцени, Колумбија во мало и нешто што навистина ретко се гледа на овие простори.Колумбиски картели ,згодни девојки, аеродроми, сиромашни гета, ретро автомобили, оружје, карактеристичен стајлинг,многу статисти и секакако една моќна порака…Како режисер на ова прекрасно дело се потпишува охриѓанецот Даниел Јовески кој уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на Балканот.