Категории

Тамара е најдобар интернационален уметник на фестивалот Кенга Маџик во Албанија

Тамара Тодевска која настапи со песната „Monsters” на престижниот музички фестивал во Албанија, Кенга Маџик, беше прогласена за најдобар интернационален уметник.

Композицијата „Monsters” ја создадоа Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

Таа изјави дека оваа награда ја посветува на своето семејство и на Македонија. Во продолжение слушнете ја уште еднаш оваа прекрасна композиција.