Категории

Taмара е најсреќна мајка: Малата Хана ги пушти првите чекори (фото)

Тамара Тодевска е извонреден вокал на македонската сцена, а нејзината позитивна енергија  е присутна насекаде. Посебно сега кога пејачката е исполнета на сите полиња и како музичар, како мајка и сопруга.

Покрај улогата на музички уметник, Тодевска можеби ја има најтешката улога во животот, улогата на родител. Па затоа секој момент го користи за да ужива  со својата преслатка Хана и да учествува во нејзиниот воспитно- образовен процес.

Тамара и нејзиниот сопруг Александар беа дел од важно случување во животот на малата Хана, односно нивното мало девојче ги пушти првите чекори.

А  пејачката побрза да  ја сподели радоста на социјалните мрежи.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
339
Објавено на:
03.04.2017