Тамара Тодевска заедно со целиот тим влеравечер се вратија дома. На скопскиот аеродром ја пречекаа најблиските пријатели, семејството и фановите. Таа по пристигнувањето од Тел Авив, каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна. „Очекувавме повеќе, но среќна сум што ве направив горди.“
Присутните уште еднаш можеа да уживаат во изведбата на „Proud“. Погледнете дел од атмосферата на скопскиот аеродром.
View this post on Instagram