Категории

Тамара сепак е победник од жири на Евровизија? Утврдена грешка во гласањето на Белорусија!

Тамара сепак на Македонија и го донесе првото место од жири и седмото место од целокупното гласање во евровизиското финале во саботата.

Имено, станува збор за грешка во распределбата на гласовите од Белорусија, стои во соопштението на веб страната на Евровизија

„ЕБУ може да потврди дека по стандардната контрола на резултатите, утврдивме дека како резултат на човечка грешка направен е превид при собирањето на поените. Ова нема никакво влијание на пресметката на поените добиени од „телевоутингот“ на 41 земји-учеснички и на севкупниот победник, како и во редоследот на првите четири песни од натпреварот.“ стои на веб-страницата на ЕБУ.

Победник на Евровизија беше Холандија, која на првото место стигна после гласовите од публиката, но несомнено најголемо внимане привлече Тамара. Денешната исправка на грешка ја смести Тамара на седмото место, а таа оваа вест ја сподели на нејзините социјални мрежи.

Прегледи:
495
Објавено на:
22.05.2019