Поп пејачката Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019, која ќе се одржи од 14-ти до 18-ти мај во Тел Авив, Израел, информираше Македонската Радио Телевизија.
Веќе се компонирале песни за настанот, а најдобрата со која Тодевска ќе настапи во Израел ќе биде избрана од неа и од тимот на МРТ. Тамара ја претставуваше земјава на Евровизија во Белград, заедно со Адријан Гаџа и Врчак, во 2008-та година. Тогаш не се пласираа во финалето.
Исто така, беше и придружен вокал на Тоше Проески на Евровизијата во Турција во 2004-та година, но и во 2014 година, кога наша претставничка во Данска беше нејзината сестра Тијана.