Категории

Тамара Тодевска иста како Ким Кардашијан, во црниот фустан со наметка на Валентино

Тамара Тодевска на доделувањето на наградите Златна бубамара на популарноста се појави во црн фустан, во кој воедно изгледаше одлично. Освои три награди и ја почести публиката со убава песна.

Многумина забележаа дека инспирација за нејзиниот изглед била Ким Кардашијан, која за време на нејзината бременост имаше совршен стајлинг и изглед. Па сега кога Тамара е во иста состојба како Ким, таа се облече во ист модел како впечатливиот фустан со наметка од Валентино кој Ким го носеше во текот на нејзината бременост.