Категории

Танцување во ритамот на самбата и шаренило од костими на карневалот во Рио

Карневалот во Ри де Жанеиро е најмасовниот карневал во светот, каде повеќе од два милиони луѓе танцуваат во ритамот на самбата во шаренилото од костими.

Карневалот започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.

Оваа година ангелот на “Victoria’s Secret”, Андријана Лима, отпатва во Рио за да биде дел од Карневалот. Таа се одлично се забавуваше и танцуваше со своите колешки Лаис Рибеиро, Џасмин Тукс и Барбара Фиало.