Категории

Tartu call е еден од низата настани кои ќе се одржат во рамките на Европската недела на спортот. Погледнете како се забавуваа присутните!

За придобивките од спортувањето и спортот како важен сегмент во креирањето и оформувањето на личноста сме зборувале многупати. Но, само тогаш кога теоријата ќе прерасне во пракса се постигнува успех. Токму затоа Европската недела на спортот успешно придонесува спортувањето да стане начин на живот и здрава навика на секоја единка.

Вчера, на 23. септември во 18 часот се одржа долгоочекуваниот голем настан Tartu call во Жена парк. На големо задоволство на организаторите, на настанот присуствуваа голем број љубители на спортот од сите возрасти. Програмата беше поделена на повеќе активности кои предизвикуваат голема заинтересираност поради можноста секој да ја пронајде својата омилена активност. На самиот почеток присутните се забавуваа вежбајќи пилатес со Trinity, а малку подоцна љубителите на фитнес вежбаа со професионалците од Atleta club.

Забавата продолжи во ритамот на звуците на модерниот танц, а подоцна и со вежбите презентирани од страна на Надица Јовановиќ, а програмата ќе ја затвори Елена Бубало со својот забавен час исполмнет со физички активности. На штандовите на овој настан акцентот беше ставен на здравата исхрана и здравиот начин на живот како стил на живеење, токму она што Европската недела на спортот има за цел да го презентира за доброто на целото општество.

Овој голем настан беше поддржан и со присутвото на 30 спортски федерации, што зборува за важноста, посветеноста и подготвеноста на организаторите да успее во мисијата која што им овозможува на сите единки од општеството без разлика на возраста, полот, менталните и физички капацитети да се почувствуваат еднакви и рамноправни.

Бидете дел и од останатите активности кои ги подготвува Европската недела на спортот во текот на оваа недела. По успешниот настан Tartu call, се гледаме на масовно скокање на јаже на Градскиот плоштад на 25 септември во 19 часот.