Категории

ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА: Татјана Стојановска со најмоќна порака за 8-ми Март

Познатата ТВ презентерката на вести, Татјана Стојановска, по повод денешниот празник на жената 8-ми март, реши на социјалните мрежи да им се обрати на сите припаднички на понежниот пол.

Нејзината осмомартовска честитка изгледа вака:

Колку и да звучи феминистички жените поради повеќе аргументи се посилниот пол. Жената дава живот, жената двојно работи, и во комаќинство, и на работното место. Ги немаџира сите околу себе, деца, партнер, родители, исто така жената е образована, се едуцира постојано и е успешна во професиата. Жената е лекар, адвокат, судија, новинар, професор, политичар, доктор на науки па и возач на автобус, работник во фабрика, алпинист, параглајдерист, спортист, а пред се МАЈКА, СОПРУГА, ДОМАЌИНКА. А кога треба да се појави некаде од неа се очекува да биде ДАМА, да биде убава, дотерана, негувана и да изгледа свежо. Епа мислам дека ова се доволно аргументи со право да кажеме дека сме посупериозни и дека сето ова го може само ЖЕНА. СРЕЌЕН 8-ми МАРТ

Прегледи:
622
Објавено на:
08.03.2016